x

Силва во недела ќе се збогува со ПСЖ, се сели во Италија

thiago-silva

Тијаго Силва по осум години одново се враќа во Италија, објавија тамошните медиуми. Искусниот Бразилец во недела ќе го одигра последниот меч како член на ПСЖ, во следната ќе го гледаме во дресот на Фиорентина.

Силва им кажал „ДА“ на челниците на клубот, веќе бара вила за него и семејството. Овој 35-годишен фудбалер од 2009 до 2012 година беше дел од Милан, од каде замина во ПСЖ за 42 милиони евра, а на Апенините се враќа без оштета.

Во недела ќе има шанса да се збогува со ПСЖ на најдобар можен начин, како капитен на да подигне пехарот во Лигата на шампионите, но нема да биде лесно на другата страна ќе биде Баерн Минхен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата