Во последните неколку часа, кога сè уште не знаевме кој е следниот претседател на САД, бевме сигурни дека тој нема да биде Кание Вест. Раперот ја објави својата кандидатура пред неколку месеци, со партијата што ја создаде, наречена „Роденденска забава“.

43-годишникот призна дека партијата „Роденденска забава“ собрала само 60.000 гласа од околу 160 милиони.

Но, политичката кариера на Вест сè уште не е завршена. Тој напиша на Твитер „Канје 2024“, сигнализирајќи уште една кандидатура на претстојните избори.

Во оваа прва кандидатура за претседател, Вест се појави на гласачкото ливче во само 12 држави, бидејќи го пропушти  рокот за регистрација во другите. Тој собра најмногу гласови – 10.188  во Тенеси, држава која вообичаено ги фаворизира републиканските кандидати.

Кога Вест ја објави својата кандидатура во јули, тој рече дека неговата платформа е направена според Ваканда, кралството измислено од Црниот пантер.

Да се ​​стави крај на полициската бруталност ќе биде негов приоритет, рече тој за Форбс во едно интервју, како и чистењето на хемикалиите „од нашиот дезодоранс, нашата паста за заби“ и фокусирање на одбраната на Америка.

Зошто партијата беше наречена „Роденденска забава“?

„Затоа што кога ќе победиме, на секој му е роденден“, рече тој.

Но, кандидатурата на Вест беше предмет на многу критики и загриженост за неговото здравје.

Вест подоцна започна да плаче кога зборуваше за абортус, велејќи дека неговите родители речиси го абортирале и дека сакал да ја абортира својата прва ќерка Норт.