Како и што се очекуваше, пласман во 1/8 финалната рунда од ЕП 2016, обезбедија репрезентациите на Германија и на Полска.

Актуелниот светски шампион, селекцијата на Германија забележа минимална победа во дуелот против селекцијата на С.Ирска, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 30 минута беше дело на Марио Гомез.

Идентична победа но во дуелот против репрезентацијата на Украина, забележа селекцијата на Полска.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 54 минута беше дело на Јакуб Блажиковски.

Резултати: Полска – Украина 1:0, Германија – С.Ирска 1:0. Табела: Германија 7, Полска 7, С.Ирска 3, Украина 0 бодови.