Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди за огромниот јаз меѓу средствата потребни за борба против пандемијата на коронавирус и средствата кои всушност се користат за таа намена.

Повеќе од 19,92 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирус, а 729.883 починале, пренесува „Ројтерс“. Болеста е потврдена во повеќе од 210 земји и територии, откако за прв пат се појави во Кина во декември 2019 година.

„Само за вакцините се потребни повеќе од 100 милијарди американски долари“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус пред новинарите во Женева.

Говорејќи за меѓународна иницијатива за обезбедување подобар пристап до здравствената заштита, Тедрос рече дека следните три недели се клучни и ја истакна потребата за зголемување на финансирањето.

Но, тој верува дека има надеж.

„Никогаш не е доцна да се смени текот на пандемијата“, рече тој.

извор: Makfax