Коронавирусот се повеќе го шират луѓе на возраст од 20, 30 и 40 години, а многумина од нив не се свесни дека се заразени, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеши Касаи.

„Присуството на вирусот кај оваа популација, со отсуство на симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зараза на припадници на високоризични групи“, јавува „Ројтерс“.

Во овие групи спаѓаат стари лица, хронично болни, на кои им е потребна долготрајна грижа и лица кои живеат во густо населени места во кои владеат лоши услови за живеење.

извор: Makfax