Во Србија пред неколку дена почнало произвотство на хлорокин, клучен лек против Говид-19. Лекот се произведува во Галеника, а како што вели директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување Сања Радојевиќ Шкориќ, досега проиведени се 372.000 таблети.

– Од Кина пристигнале 160 кг. супстани, а Галеника за невероватно кусо време се организира и произведе голема количина лек. Лекот е клучен во лечење на ковид пациенти и веќе кон крајот на февруари се нашол во терапевските протоколи скоро во сите земји во светот – вели Сања.

Таа објаснила дека овој лек инаку се користи во лечење на ревматичен артритис и системски лупс.

Истакнала дека лекот за сега го има доволно.

– Можеме да бидеме мирни, дури и во случај на есен повторно да се појави епидемија.

Зборувајќи за примена на лекот, таа објаснува дека лекот се дава на сите пациенти кои го исполнуваат критериумот за болничко лекување.

– Хлорикин исклучиво се дава по упатство на лекар специјалист и мора да се зема строго контролирано. Како и останатите лекови, и овој има несакани ефекти, односно контраиндикации, додека во комбинација со други лекови може да има и токсични ефекти – вели Радојевиќ Шкориќ.

Кога станува збор за донација на крвна плазма, таа вели дека нејзините ефекти допрва ќе се видат.

– За ефектите рано е да се зборува, можат да ја дадат сите кои оздравеле од Ковид-19. Донацијата е исклучиво доброволна, а методата е крајно едноставна и безбедна – рекла Радојевиќ Шкориќ.