Анастасија Ражнатовиќ (22) вели дека се чуствува како да е веќе во брак со Ѓорѓе Куљиќ (31).

Пејачката е веќе четири години во врска со Новосаѓанецот, од гого не се дели, па повеќе време поминува во Нови садотколку во Белград.

– Мислам дека бракот не се разликува заедничкиот живот без потпишан документ. Поточно, се надевам дека воопшто не се разликува – рекла за “Хело“, истакнувајќи дека покрај својот дечко созреала, со обзир на тоа дека со него се забавува од својата 18 година.

– Ѓорѓе е постар и повозрасен, јас, сакала или не, во чекор со него мноу научив, и во некоја рака созреав. Не постои ништо поубаво кога во еден момент сватете дека покрај него растете, дека постојано ве мотивира да бидете најдобра, а истовремено да бидете свои и прифатени.

Освен што е среќна во љубовта, Анастасија задоволна е од својата кариера. Секоја песна која ја снимила станала хит и е една од ретките јавни личности која може да се пофали со милион следбеници на социјалните мрежи. Признава дека ги чита коментарите под своите објави а ги брише оние кои се вулгарни.

– Одлично ја поднесувам критиката, но не и некултурата. Ако некој отворил Јутјуб да ја слушне мојата песна, и не му се допаднала, тоа ќе го напише и повеќе нема да ја слуша. Но кога некој ве навредува, јасно ви е дека тоа не е поради песната. Неговата намера е да ве навреди и понижи – рекла Ражнатовиќ.