Од неодамна екипи на општината со потребната механизација започнаа со чистење на коритото на реката Серава во должина од 4 километри. Станува збор за заеднички проект на општина Бутел и Градот Скопје кој се реализира и во урбаниот и во руралниот дел на општината. Локалната самоуправа Бутел е задолжена да го чисти коритото на Серава во руралниот дел, од Радишани кон Љубанци, во должина од 2,5 км, а екипите на Градот Скопје го чистат коротото по текот на реката Серава на потегот од ОУ ,,Св. Климент Охридски,, кон населбата Бутел 1, во должина од 1,5 км.
Средствата се обезбедени заеднички од од буџетите на Градот и општината.