Менаџментот на Македонски телекомуникации има разговори како со претставниците на вработените во секторот за осигурување, така и со оние на Синдикатот за да се најде заеднички прифатливо решение, соопштуваат од компанијата во врска со превирањата кои постојат врзани за префрлање на вработените од секторот за обезбедување во друга компанија на која обезбедувањето на лица и објекти и е основна дејност. Притоа додадваат дека Телеком ќе склучи договор со онаа компанија за користење на услугите за дефиниран временски период со што ќе се осигура работа на досегашните вработени. При изборот на компанијата најважен аспект ќе биде нејзината сигурноста и стабилност, гаранцијата за непроменет работен статус, дефинирана работа, плата и платени придонеси за сите вработени кои ќе бидат одвоени од Телеком.