Шок!

Освен што со своите коментари ги нервира сите членови на жирито, Александар Милиќ Мили отишол и чекор понатаму, па јавно се заканил на Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ, бидејќи не дале глас за неговиот кандидат.

Имено, натпреварувачот на Мили добил само два гласа која пеел дуел со такмичарот на Босанец, поради што морал веднаш да го напушти натпреварувањето.

Мили толку многу се налутил со што пред сите упати закана на фолк пејачките:

– Срам да ви биде на сите во жирито што не гласавте за овој талентиран дечко. Особено тебе Ана и на тебе Снежана, кои се народњаци и кои не му дадовте глас на ваков пејач. Снимката ќе биде јавно на Јутјуб и сите ќе можат да ја видат и слушнат вашата срамота. Сега го претеравте… Но

 

Снежана не му останала должна:

– Нема зошто са се срамам. Твојот кандидат ни едната ни другата песна не ја отпеа како што треба и би те замолила да бидеш културен и да не ги коментираш моите мислења.

Од друга страна, Карлеуша овојпат се воздржала и рекла дека тој е во право, и дека колегите згрешиле за неговиот кандидат, и погрешиле што на кандидатот на Босанец му дале шест гласа.

– Јелена ти не слушаш добро како и Мили. А тој кога ќе биде свесен колку не знае можеби ќе успее и нешто са научи за музика и пеење – бил остар Босанец.

Како работите стојат, во жирито само што започна да врие и до финале може да се случи сешто.