Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ и булевар „8 Септември“ во Скопје.

Според полицијата, во сообраќајната среќа учествувале три возила – „мерцедес“, „хонда“ и „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблици.

Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.

извор: Makfax