Синоќа во 21.00 часот било пријавено дека на крстосницата од Кеј „9-ти Септември“ и ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бе-ем-ве“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(52) од Скопје и мопед „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

извор: Makfax