Eдно лице загина, а едно се здобило со сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште.

Како што соопшти полицијата, починатиот е 50-годишен жител од Доброште, а на скопските клиники е префрлено женско лице кое е потешко повредено.

Сообраќајката се случила помеѓу автомобил и трактор, а оштетено е уште едно возило паркирано во близина.

 

извор: Makfax