Инцидент се случи денеска во реонот на кањонот Матка, кога лицето Мерван Сулејмани, внук на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, со уште неколку лица физички ги нападнале браќата Саит и Садик Амет, при што употребиле и огнено оружје.

Сите учесници во инцидентот се возачи на чамци за туристи и посетители на Матка.

Расправијата која довела до инцидентот, настанала во врска со движењето на чамците кон пештерата. Повредени во инцидентот нема.

Браќата Амет се од селото Грчец, додека Мерван Сулејмани е жител на Шишево.

Извор: Телма