Големо старо дрво се сруши во Градски парк во Скопје кај Школка. Дрвото паднало во текот на раните утрински часови, а од силината на ударот како што може да се види од фотографиите искршен е асфалтот кај коренот на дрвото.

Засега нема информации дали има повредени при падот на дрвото.

Фото: Вечер.мк

Утрово можеа да се забележат екипи на Град Скопје како сечат дрвото и го расчистуваат теренот.

Фото: Вечер.мк