Сопствениците на некои плажи во Италија почнаа да ги местат лежалките во пресрет на новата летна туристичка сезона, јави дописникот на МИА.

Согласно препораките за физичка дистанца, лежалките и чадорите за сонце се на растојание од три метри, а се направени и посебни коридори за оние кои ќе сакаат да влезат и искапат во море.

За летната сезона се подготвуваат и хотелиерите, кои најавија дека оваа година ќе биде различна од претходната, секако поради епидемијата на новиот коронавирус.

И покрај тоа што се свесни дека приходите од туризмот ќе бидат далеку под ланските, туристичките работниците се надеваат дека ќе можат сепак да остварат некаква добивка, која ја очекуваат најповеќе од домашните туристи.