x

Се споменува нов датум за продолжување на тениската сезона!

Како што се шшекулира по европските медиуми, најверјатно ништо од 13 јули, датум кој беше означен за старт на тениската сезона, односно за продолжување на годинашната која беше прекината поради пандемијата со Ковид-19. 

АТП објави дека тенисот ќе почне да се игра во средината на јули, но по се изгледа дека ќе се почека малку. Новиот датум најверојатно ќе биде 3 август, иако се уште ништо не е официјално. Кога сме кај тенисот да кажеме дека оваа година Вимблдон и дефинитивно нема да се игра, и тоа првпат по втората светска војна, Роланд Гарос е одложен а се бара место, начин и термин за УС Опен. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата