Вработените на Клиниката за инфективни болести со петиција до Управата на Клиничкиот центар во Скопје бараат обезбедување на парно греење во оваа институција, во која поради исклучително ниските тепмератури во изминатиов период се смрзнуваат и медицинарите и пациентите. На овој чекор тие се решиле откако им станало јасно дека и годинава, најверојатно, проблемот со парното греење, кој го имаат со години, нема да биде решен. Исклучително ниските температури, овој пат, дополнително ја замрсија работата, па не помагаат ниту греалките и другите помошни грејни тела со кои се “притоплуваше” оваа Клиника. Поради ниските температури, дел од пациентите сами бараат лекувањето да го продолжат во домашни услови, а вработените веќе вообичаено работат со зимска облека. Проблемот им е познат на сите досегашни раководни структури на Клиничкиот центар, но засега не е најдена солуција. (Р.Н.)