x

Се случува и тоа: Роналдо и Џорџина чекале 40 минути на слободна маса во ресторан

ronaldo-masa

Кристијано Роналдо е светска мега-ѕвезда, каде и да оди дочекуван е со овации. Сепак во Торино, пред две години се случило нешто нестварно. Имено тој со својата поубава половина Џорџина и својот син Кристијано Јуниор, во еден ресторан чекале на слободна маса дури 40 минути.

За оваа случка говори Давиде Фиори, шеф на ресторанот во Торино.

Се подготвував за трета смена и добив повик кој ни во сон не го очекував. Лично Роналдо побара слободна маса во нашиот ресторан и тоа за три лица. Навистина не знаев што да правам зошто местата за вечерта беа преполни. Сепак мислев дека до 21:30 часот ќе се ослободе некоја маса за терминот кој го побара тој. Сепак за секој случај ставив маса во аголот, на многу неугледно место, нешто како “резерва“ колку да не стојат. Следуваше шок, Роналдо со својата девојка и синот дојде час и половина порано од закажаниот термин. Не знаев што да правам, гостите останаа без текст што се вели.Сите гледаа во Роналдо со зинати усти. Го однесов до таа резервна маса, а тој не правеше проблеми. И сите ние четворица чекавме да се ослободи барем една маса, и ко за несреќа никој не сакаше да си оди од ресторанот, сите гледаа во Роналдо како да е од некоја друга планета, оставија и вечера и се друго. И дури потоа, после 40 минути се ослободи една маса. Роналдо не правеше никакви проблеми, насмеан рече дека се е во ред и дека тој е виновен што дошол порано. Тогаш сфатив дека е голем човек. Да беше некој друг после пет минути ке си заминеше навреден“ изјави Фиоре за италијанските медиуми.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата