x

Се сликал на роденден, Барселона не го пуштa на тренинг

Фудбалерот на Барселона, Нелсон Семедо ја пропушти денешната тренинг сесија на клубот. Како што објавија медиумите во Шпанија, португалскиот интернационалец бил фотографиран на роденденската забава кај еден пријател на почетокот на оваа недела, а сликата покажува дека не ги почитувал мерките за социјално растојание.

Со тоа дефанзивецот прекршил вкупно три правила од здравствениот протокол на Ла Лига, вклучувајќи го и препорачаниот број на лица кои присуствувале во група и не носеле маски. Семедо тренираше сам последните денови, а утре ќе мора да направи нов тест, пред да му биде дозволено да се врати во базата со останатите фудбалери на Барселона.

Барселона допрва треба да потврди дали Семедо ќе се соочи со внатрешна дисциплинска постапка.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата