Според градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, во рамки од проектот ќе се изврши санација и реконструкција на соблекувалните и простории за судии и делегати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачите, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.

– Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кои ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија, вели Трајкоски.

Екипата “Сатеска” што го користи теренот во Волино се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – “југозападен” регион.