Психологот Рамани Дурвасула смислила начин како да ги загуби килограмите. Секој пат кога ќе одолеела на храна се наградувала со мастурбирање и тоа неколку пати на ден.

Многумина ќе си помислат – па ова е одлично, подобро од потење во сала! Начинот на кој можете да го постигнете тоа е фантастичен.

Се што треба да направите е да мастурбирате по два или три пати дневно – вели креаторот на оваа теорија, писихологот доктор Рамани Дурвасула.

Таа тврди дека благодарение на мастурбирањето изгубила дури 36 килограми, a претходно имала 90. Докторката наведува дека секоја жена мора да се награди себеси во ситуација кога ќе се одрече од храна која здебелува.

Оваа идеја ја добила откако се развела и го променила начинот на живот и начинот на исхрана. Докторката почнала да внимава што јаде, но некогаш искушението за чоколада или помфрит било преголемо, па таа била принудена да го смисли свој систем за наградување.

Д-р Рамани верува дека мастурбацијата е моќна алатка за добра кондиција и многу други предности и за мажите и жените. Таа релаксира и ви помага поубаво да спиете, ја подобрува циркулацијата, ги олеснува менталните грчеви итн. Исто така посилната сперма го спречува ракот на простата.