Пејачот Филип Божиновски стана татко. Неговата сопруга Сања пред неколку дена на свет го донесе нивното прво чедо, ќерката Софија.

Радосната вест на социјалните мрежи ја објави среќниот татко кој истакна дека еден ден пред неговиот роденден добил ќерка. Раѓањето на малата Софија тато Филип како што си е ред го прослави со сите адети, ама и по протокол.

 

На отворено, со музика, гости… како што си е редот. Нека е жива и здрава!