Должината на линијата што се реконструира изнесува 200 метри и чини 1.000. 000 денари. Изведбата на градежните зафати ја реализираат работните екипи на ЈКП „Дервен”.

Во периодот што следи, зависно од погодноста на временските услови и отпочнување на градежната сезона, стариот асфалт ќе биде заменет со нов по должина на целата улица. Со овој зафат трајно се решаваат проблемите на многубројните жители на оваа улица.