x

Се распаѓа клубот за кој играа Модриќ, Несторовски, Ловрен, Чорлука, Едуардо…

Еден од најпознатите хрватски фудбалски клубови Интер од Запрешиќ живее тешки денови. Поточно, почнува да се распаѓа откако групата на луѓе околу бизнисменот Велибор Квргиќ, кои оваа зима инвестираа во клубот, објави декаго напушта Интер и нема повеќе да го финансира. Квргиќ им го соопштил тоа на тренерот Жељко Петровиќ и на капитенот на екипата.

За жал, мојата работа во Интер е завршена. Квргиќ ме повика и ми рече дека поради неизвесната ситуација предизвиката од корона вирусот повеќе не е во можност со своите партнери да инвестира во клубот. Мојот договор траеше до 30. мај, но ми беше речено дека нема потреба да останувам во Интер. Тие ме донесоа тука, но ми рекоа дека не можат да го остварат тоа што го ветија и дека раскин на договорот е најдобро решение“, изјави Петровиќ.

Така Интер се најде во лоша ситуација, а уште поради корона кризата тешко дека ќе се најде некој што ќе инвестира веднаш во клубот и да го извлече. Можно е за два до три месеци тотален крах на клубот и згаснување.

За Интер играле некои звучни имиња како Лука Модриќ, Илија Несторовски, Дејан Ловрен, Ведран Чорлука, Едуардо да Силва, Звонимир Солдо…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата