Легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ почина пред четири години, а неговиот син Милојко сега открива дека телефонски се простил од својот татко, два дена пред да почине.

– Последен пат слушнав со татко ми два дена пред да почине. Ќерка ми Дина рече дека неговата состојба драстично се влошила и отиде во болница. Вклучивме камери на телефоните и разговаравме и се гледавме долго, долго. Сите знаевме дека се збогуваме и пуштивме неколку солзи. Во еден момент ја пуштив песната на Оливер Драгојевиќ „Мој галебе“ и ја отпеавме заедно од почеток до крај. Ја пеевме таа песна цел живот на заеднички патувања и семејни прослави. Неверојатниот дух не го остави до последната секунда. Како да ни остави смисла за хумор и непоколеблив оптимизам – изјави Миjко.

Последен пат го видел својот татко во живо во 2012 година, кога Бата го посетил во Париз. Истата година, славниот Волтер претрпе мозочен удар, по што веќе не можеше да оди на долги патувања.

– Татко ми дојде неколку дена тогаш затоа што последните години не сакаше многу да биде далеку од Белград и Корачица. Деновите ги поминавме во долги разговори за децата, внуците, правевме планови, се надевавме дека наскоро ќе се видиме во Белград. Не можев ни да претпоставам дека тоа беше нашата последна средба … Последната слика што ја паметам од аеродромот „Шарл де Гол“ е како тој ми мавта додека минуваше царинска контрола.