“Очекуваме првичните обновувања на пазарот да започнат во 2017 година. Значи, уште од почетокот на 2017 година, нашиот бизнис план вклучува опции за привлекување на дополнителен капитал, субординиран долг или евентуално инвеститор кој е заинтересиран за банката”, изјави  Ефтимоски за   Euromoney.

Тој потенцира дека целиот процес би се реализирал постепено и внимателно со цел да се изнајде најдоброто решение за банката , акционерите и комитентите.
“Веројатно ќе одиме чекор по чекор, прво со некоја кредитна линија , потоа со некој субординиран долг, а подоцна можеме да очекуваме преземања и здружувања, и тоа би се случувало во 2018 или 2019 година,” објасни извршниот директор, додавајќи дека банката веќе ја контактирале инвестициски фондови заинтересирани за обезбедување на дополнителен капитал.
 Стопанска банка Битола е една од првите десет банки во Македонија. Банката, која има 250 вработени, има вкупна актива од 150 милиони евра евра, а добивката во 2014 година изнесува ЕУР 2.7 милиони евра.
“Ние сме заинтересирани за странски инвеститори и странски инвестициски фондови или странски финансиски институции”, изјави првиот човек на Стопанска банка Битола за Euromoney .