Затоа, тој им препорачува на граѓаните медот да го купуваат од пчелари во кои имаат доверба.

Уште една причина за ваквото предупредување е податокот дека две до три фирми откупуваат мед на големо и го продаваат како свој, без да го декларираат неговото потекло, иако во државата не постои организиран откуп на овој производ.

– Македонија има капацитети за производство на квалитетен мед со изобилство на вкусови, но сепак е увозно зависна. Се увезува мед со сомнително потекло иако има и обиди да се извезува. Во земјава нема организиран откуп на мед, но сепак има две до три фирми кои го откупуваат на големо и го пакуваат како свој без да кажат од каде му е потеклото, објасни Марков.

Во државата има над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства. Пчеларите оваа година ја оценуваат како средно продуктивна, со најдобри приноси во планинските делови. За поголемо производство тие очекуваат зголемување на субвенциите од сегашните 600, на 1.000 денари за едно презимено пчелно семејство.

Инаку, македонските граѓани не се големи љубители на медот. По глава на жител годишно се трошат 700 грама, додека во Германија потрошувачката е девет, а во Јапонија дури 16 килограми. Медарите најавуваат дека вистински квалитетен мед граѓаните ќе можат да вкусат в четврток, кога на улицата „Македонија” во Скопје ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015″.