Патнички авион на „Ер Индија експрес“ кој летал од Дубаи доживел несреќа при слетувањето на аеродромот „Кожикоде“ во Керала. Откако ја промашил пистата, авионот се расцепил на два дела. Во авионот имало 174 патници, 10 деца, двајца пилоти и пет членови на екипажот. Според првичните информации, најмалку три лица загинале, а по 60 од нив се трага.

Катастрофата се случила во услови на обилни врнежи од дожд.

Во тек е акцијата за спасување, а на повредените им се укажува помош, стои во објавата на индиската авио компанија.