Владата и Министерството за животна средина во наредниот период ќе преземат низа препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули на соијалната мрежа ,,Фејсбук” инормираше дека на 23 август 2018 година се одржал состанок на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ) на која, по расправата, на предлог на членовите биле донесени неколку заклучоци.

,,Владата да го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да подготви план за итна набавка и замена на неисправните и застарени PM инструменти во рамки на постоечките мерни станици;

Владата да го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање за забрзувње на процесот за подготовка и доставување до Собрание на Предлог-законот за индустриско загадување;

Се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање да организира состанок со градоначалникот на Гази Баба, каде ќе се дискутираат проблемите со квалитетот на воздухот во Општината;

Да се задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да направи соодветни измени во Законот за животна средина, во членот 154, каде „план за вонредни состојби“ ќе се преименува во „планови за хаварии“.

Се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање да одговори на прашањата на О2 коалиција во временски рок од 15 дена од доставување на истите;

Се задолжува претседателот на ИРГ да достави во рок од 15 дена статус на реализација на задачите од 40-тата Седница на Владата”, напиша Макрадули.

извор: Makfax