Белгиските власти во Ними, близу до француската граница,  ноќеска ги предупредија жителите да ги чуваат вратите и прозорците затворени за да ги избегнат токсичните испарувања од излевањето запалива течност што се случи на автопатот во близина, пренесува РТ.

Дел од автопатот Е19 во близина на Ними во Монс останува затворен откако камион-цистерна се преврте околу 1:30 часот по локално време и од него истече високо запалив товар. Пожарникарите користат апсорбирачка пена за чистење на локацијата.

Во објавата на Фејсбук, гувернерот на провинцијата Хајно, Томи Леклерк  и градоначалникот на Монс, Николас Мартан  ги повикаа луѓето стојат настрана од областа и дека жителите засега треба да престанат да ги проветруваат своите домови и автомобили.

„Пожарникарите, полицијата и цивилната заштита се мобилизирани на лице место за да ја стабилизираат ситуацијата што е можно поскоро“, рекоа тие.

 

извор: Makfax