Најмалку седум мигранти загинаа изутринава во бродолом што се случи во езерото Ван, во источна Турција.Бродоломот се случил три часа по полноќ во близина на Битлис, а потонал брод со 71 мигрант без документи. Спасувачките екипи ги извлекле телата на седуммина мигранти и спасиле 64 мигранти.

Станува збор за мигранти со потекло од Пакистан, Авганистан и Бангладеш.
         
Турција се наоѓа на главната рута којашто ја користат мигрантите од Азија и Блискиот исток. Само минатата година, турските безбедносни сили запреа 268.000 мигранти без документи.

извор: Makfax