Двајца загинаа, а 15 се повредени кога патнички автобус излета од патот во рускиот регион Липек, изјави денеска портпаролот на локалната служба за вонредни ситуации.

Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над воланот, по што автобусот излетал од патот и се превртел, пренесува „ТАСС“.

Во моментот на несреќата, во автобусот имало 17 лица.

извор: Makfax