Поранешниот сопруг на Весна Змијанац и татко на Николија Јовановиќ ретко се појавува во јавноста, но сега на социјалните мрежи се појави неговата заедничка фотографија со Весна и Николија. Весна Змијанац е на српската музичка сцена со децении и за тоа време успеа да изгради завидна кариера, но пред неколку години по нејзините стапки тргна и нејзината ќерка Николија.

Иако Весна никогаш не криеше кој е татко на нејзината ќерка, поголемиот дел од јавноста не знае за кого станува збор. Станува збор за Владо Јовановиќ, кој своевремено работел како шеф на маркетинг во РТС.
Весна беше омажена за него, а по разводот, Владо се ожени повторно и од вториот брак има уште две деца, ќерката Теодора и синот Лука.

Влада Јовановиќ никогаш не сакаше да се експонира во јавноста и не беше пресреќен шт и неговата ќерка со Весна реши да се занимава со пеење, а тоа го потврди и самата Николија.

Се шпекулираше дека поради неговата љубов кон Весна, свесен за нејзиниот голем успех во текот на 90-тите години,  во Дневникот тој направил преседан во историјата на таа медиумска куќа. Тој одлучи нејзиниот спот да биде премиерно прикажан во најгледаната информативна емисија.

Николија неколку пати истакна дека нејзиниот татко е доктор на науки и дека тој не е заинтересиран за шоу-бизнисот, па затоа ретко е во јавност.

– Татко ми е „алергичен“ на се што има врска со шоу-бизнисот, уште од периодот кога бил со мајка ми. Како доктор на науки, тој не би ме советувал да се занимавам со пеење – рече во една прилика Николија.