Најновото видео кое се појави на интернет збуни голем број на следбеници. Се појави видео со тостер… Lаmbоrghini.

Интересен модел кој се продава за само 50 долари. Тостерот не е само обоен во една од боите на компанијата – светло зелена туку е и украсена со натпис Lаmbоrghini.

Има спојлер, а копчето на тостерот наликува на копчето за стартување на моторите на италијанските супер автомобили кои се користат и денес од страна на Vоlkswаgеn.

И не е само тоа, кога е вклучен тостерот звучи како V12 мотор од најрафинираните Lаmbоrghini. Тостерот навистина е многу импресивен и оригинален со атрактивна цена.