Пеачката Кајли Миног за време на нејзиниот престој во Сао Паоло во Бразил каде што настапи на “GRLS”  фестивалот позирала во многу жешко издание со што докажа дека ништо, ама баш ништо не и можат годините.

Таа на сцената променила неколку костими, додека ги изведувала своите најголеми хитови како што се “Can’t Get You Out Of My Head”, “All The Lovers” и други.

Кариерата на Кајли трае подолго од 30 години.

Таа неодамна открила дека работи на нов албум кој нема да биде во кантри жанр, како нејзиниот последен албум со име “Golden”.

Веќе започнав да снимам во студио, не знам што точно ќе се случи, но ми се допаѓа насоката во која одиме, рекла таа за странските медиуми.

Многу е рано да кажам било што, но многу сум возбудена, заклучила Кајли.