Работа нашле 15,4 отсто од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат.

Ова е полош резултат споредбено со четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18% од невработените или 3,5 милиони луѓе.

Извештајот на Евростат е составен врз основа на анкетата на работната сила и не ги вклучува податоците за Германија и за Белгија.

Данска е прва во темпото на вработување, па така секој трет невработен во таа земја, или 30,3%, нашле вработување во првите три месеци од годината.

Потоа следува Шведска, каде што работа нашле 22,5% од невработените и Австрија со 22,3%.

Во последниве години се зголемува невработеноста кај младите.

Пред две години во еврозоната имаше 18.6 милиони невработени луѓе, а во целата ЕУ беа 25 милиони жители без работа.