x

Се повредил, па добил отказ… ама таков бил договорот

povreda-otkaz

Дефанзивецот Џералд Мекој кој настапува за НФЛ тимот Далас Каубојс добил отказ после повреда на квадрицепсот. Можеби клубот заслужува критики, но таков бил договорот.

Тој во договорот со екипата имал клаузула каде што пишува дека може да биде отпуштен ако го повреди квадрицепсот, па тоа и се случило.

Мекој, сепак, ќе го добие својот бонус од 3 милиони долари, но освен тоа нема да добие ништо повеќе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата