Белгискиот суд ќе ја изрече пресудата против Салах Абдеслам, последниот напаѓач кој преживеа по големиот напад во Париз.

Обвинителството бара пресуда од 20 години затвор за обид за убиство поврзано со тероризам и поседување на забрането оружје.

Над 100 лица загинаа на 13-ти ноември пред три години, кога се случија серија координирани терористички напади, што вклучуваа пукање, самоубиствени бомбашки напади и задржување на заложници, во Париз и во северното предградие Сен Дени. Шест масовни пукања се случија во централниот дел од Париз, а три самоубиствени бомбашки напади блиску до стадионот Стад де Франс. Најголем број жртви имаше во нападот на концертната сала Батаклан, каде напаѓачите зедоа и заложници. Исламска држава ја презеде одговорноста за овие напади.

 

извор: Makfax