На нешто повеќе од час до мечот меѓу Грузија и Македонија, буквално се отвори небото над Тбилиси. Невреме, поројни дождови, преплавени улиците во главниот град на Грузија, а што е уште поважно преплавен е и теренот на прекрасната Динамо Арена.
Се надеваме дека се ќе биде во ред и дека мечот навреме ќе започне, како што и беше најавено, во 18 часот по македонско време.