x

СЕ ОСТВАРИЈА НАЈАВИТЕ: Меси не се појави на првиот собир на Куман

leo-messi-training-33-1

Роналд Куман започна со тренинзи со тимот на Барселона денес во 17:30 часот, но Лионел Меси не се појави на првиот собир. Тоа веројатно и се очекуваше.

Меси утрово ги пропушти и тестирањата пред почетокот на новата сезона и исто така не се појави во тренинг центарот. Тој очигледно не се откажува од намерата да го напушти клубот ова лето, без разлика колку комплицирана  изгледа целата ситуација во овој момент.

Тој има активен договор до следното лето, но се обидува да се потпре на клаузулата за едностран раскин на соработката. Неговата желба е да си замине, а најверојатно и да се пресели во Манчестер Сити. Неговиот татко Хорхе треба да седне со претседателот на клубот Хосеп Марија Бартомеу во наредните денови, но наводно тој ќе побара само мирна разделба и нема да прифати никакви уцени од Барселона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата