Веста дека Северина и Игор се разведуваат поради водителката Јована Јоксимовиќ одекнала како бомба, а на ТВ ѕвездата воопшто не и е пријатно.

Кој тука лаже и зошто?

Имено, Дрган Којиќ Кеба наводно ги поканил на слава Жељко и Јована Јоксимовиќ, а кога Севе слушнала за тоа, ги спакувала куферите и побегнала во Загреб. Како што тврдат некои медиуми, таа не ја поднесува српската водителка бидејќи во една нејзина емисија ја споменала нејзината мајка.

Кога ја контактиравме Јована да ги коментира овие тврдења, Јоксимовиќ со насмевка река:

– Нвистина не би скала да се занимавам со глупости тити да ги коментирам, ме разбирате – рекла таа.

Приказната за разводот на Северина и Игор дополнително е подгреана, за тоа што хрватската поп ѕвезда не се појавила на Драган Којиќ Кеба, каде што требала да настапи како гостинка.

Но, по се изгледа дека пеачката сакала да направи добар маркетинг за себе и свекорот, кој наскоро ќе има уште еден концерт. А дека е така сведочат и папарацо сликите кои се направени во Загреб пред неколку дена, кога Северина и Игор се сликани во прошетка близу станот на пеачката. Така да од развод, се чини дека нема ништо, а Севе уште еднаш сака да се пишува само за неа.