x

Се огласи фудбалерот кој со своите грешки го уништи Реал

varan-ls

Реал Мадрид е елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампионите. Шпанскиот првак на првиот меч во Мадрид беше поразен од Манчестер Сити со 2-1, со ист резултат беше совладан на реваншот.

Трагичар на оваа средба беше францускиот репрезентативев, Рафел Варан кој беше директен виновник за двата гола на Сити.

За првиот погодок, Варан ја изгуби топката во дуел со Габриел Жезус, кој брзо го проигра Стерлинг, „граѓаните“ во 9. минута имаа водство од 1-0.

Подоцна кога Реал израмни на 1-1 со голот на Бензема, уште една трагична интервенција на Варан во 68. минута значеше нов подарок гол за Сити, кој овој пат Габриел Жезус го претвори во водство од 2:1 и конечен резултат на овој реванш меч.

„Сакам да им се извинам на сите и ја превземам одговорноста за ова што се случи. Овој пораз е моја вина и жал ми е за соиграчите кои дадоа се од себе. На ова ниво на натпреварување грешките како моите се плаќаат скапо“, рече по мечот Французинот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата