Лидерот на Либералите, Чеда Јовановиќ се огласи откако излегоа информации дека нападнал сопственик на приватна клиника за физикална терапија.

Тој во неговата објава на инстаграм не ги коментираше медиумските натписи за напад со тениски рекет, што полицијата го истражува, туку испрати порака дека „не е сигурен што може да очекува во иднина“, пренесува, Б92.

Фокусиран сум на суштината, исклучувам се останато. Не сум сигурен што можам да очекувам во иднина, но не се плашам бидејќи знам за кого живеам. За оние кои се „јас“ … Анѓелија, Зора, Јана, Михајло, Хрис, Јела… и вие ретките кои и покрај се останавте мои.. и го делам вашето време како што вие го делите моето. Живеам за тоа, сакам заради тоа, напиша Чеда.

Потсетуваме, медиумите пренесоа информација синоќа дека лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ претепал во Нов Белград сопственик на Клиника за физикална терапија.

Како што се наведува, Јовановиќ на сопственикот на клиника со рекет за тенис му задал повеќе удари во пределот на главата и телото.