Претседателот на Србија, Александар Вучиќ преку социјалните мрежи испрати честитка за македонската фудбалска репрезентација која со вчерашната победа над Грузија испиша историја пласирајќи се на Европското првенство.

– На сите граѓани на Северна Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европско првенство. Ние, граѓаните на Србија, со цело срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на својот Инстаграм-профил.