– Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте го она што е создадено. Нека остане наша гордост. Наместо за поправка на урбаната опрема нека останат средства за нов парк, за ново катче за игра и одмор, истакна Чадиев.

Тој најави дека оваа пролет целосно ќе биде обновена урбаната опрема и во другите паркови и јавни површини во Велес.

Инаку, Општина Велес во 2014 година само за обновување на уништената урбана опрема од општинскиот буџет потроши 15 илјади евра, а слична парична сума беше издвоена за оваа намена и минатата година.