x

Се навиваше и од терасите: И во Македонија се сака фудбалот! (ФОТО)

negotino-naviva

 

Иако минаа два дена од супер – дербито на истокот меѓу Тиквеш и  Брегалница кое заврши со резултат 1:1, се уште се анализира, детализира, се даваат изјави. Сепак факт е дека Брегалница беше подобра, заслужи повеќе од бод, а и беше поништен чист гол. Тоа се факти, но исто така факт е дека и во Македонија се сака фудбалот. Погледнете ја оваа фотографија од саботата попладнето во Неготино. За фановите на Тиквеш нема коронавирус, нема Ковид-19, само Тиквеш и никој друг. Ако не можат да бидат трибините, можат да бидат покрај стадионот.

А смееме ли да запрашаме за кого навиваа овие неготинци кои мечот го следеа од терасата на својата куќа. За Брегалница или за својот најголем фудбалски “душман“ Тиквеш, ако се знае каков анимозитет има меѓу Вардар Неготино и Тиквеш?

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата