Милан Поповиќ открил кога и зошто почнал конфликтот помеѓу него и Северина, признал дека се обидел на секој начин да го реши проблемот, и оти е премногу тажен и постојано се моли за средба со синот.

“Во јуни од Северина добив порака во која пишуваше дека забележала оти нашиот син станува многу приврзан за мене, па таа би сакала и во Загреб да им обезбедам услови какви што имам јас. Во спротивно ми се закани дека ќе ми го ограничи пристапот до детето”, открил Милан. Бизнисменот претпоставувал дека 41-годишната пејачка сакала тој да и обезбеди удобен живот – куќа, помош во куќата, осигурување… Милан и предложил друго решение, но Севе потполно ја прекинала комуникацијата и тогаш почнал конфликтот за малиот Александар.

“Тажен сум, бидејќи не можам да бидам со детето, плачам и се молам. Северина не ја барам повеќе”, изјавил Поповиќ и додал дека ако условот да го види детето е да и купи недвижнини во Загреб, ќе го стори тоа. Една куќа веќе и купил, но ја продал кога сфатил дека идејата за заеднички живот со Северина паднала во вода.