Две илјади бегалци и мигранти пред половина час се донесени на граничниот појас. Грчката полиција ги спроведува во групи од по 50 лица кон т.н. “порта”, единственото отворено место на граничниот појас веднаш до пругата.

Грчката полиција е поставена на неколку места во близина на границата и не им дозволуваат да се движат по пругата и кон појасот.

Од нашата страна на границата се поставени припадниците на ЕБР и Воената полиција кои го контролираат протокот на бегалци.

Бегалците се спроведуваат до Прифатниот центар каде им се издаваат документи. Бегалците ќе се задржат кусо време и според најавите со автобуси и воз ќе бидат спроведеникон Табановце.

Во текот на вечерните чааови ќе се зголеми бројот на бегалци како и фреквенцијата со која се пропуштаат.

(О.Ч.)