Се за кремовите околу очи
Еве некои од најчестите прашања во врска со кремовите за очи и нивното користење.
Навистина се потребни – Да! За да се заштити нежната кожа околу очите потребно е да се нанесува хидратантен крем секој ден.
Може да се користи регуларен крем за лице – Секако, тоа зависи од личниот избор. Кожата околу очите не е многу поразлична од онаа на образите, па нема причина некој обичен крем што ви одговара да не би можеле да го нанесувате на капаците и подочниците.
Кремовите за делот околу очите ги елиминираат брчките – Не, всушност ниеден крем не може да ги елиминира веќепостоечките брчки. Ако е така луѓето не би користеле ботокс. Кремовите за очи служат за да ја одржуваат кожата околу очите влажна и со тоа да ја минимализираат видливоста на брчките. Кремовите со гликолна киселина (една од АХА киселините) дејствува како благ пилинг на кожата што ги прави брчките помалку длабоки, а со тоа и помалку видливи. Кремовите со омекнувачи или емолиенти кои содржат силикон или глицерин создаваат мазна површина на кожата и со тоа ја намалуваат видливоста на брчките.
Што треба да се знае – Дневниот крем или кој и да е друг препарат за хидратација на кожата не значи ништо ако не содржи заштитен филтер од сончевите зраци и тоа и од УВА и од УВБ-зраците. Секогаш одберете кремови со заштитен фактор СПФ 15 или 30.